Куманово се засили со поранешен кошаркар од НБА-лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Куманово има големи амбиции за следната сезона, а тоа го докажаа и со ангажиирањето на Џош Шелби, кој во минатото настапуваше за Мемфис гризлис во НБА-лигата.

Кошаркарот заигра во НБА-лигата во 2011 година, а за Мемфис настапи во 38 меча во тек на две сезони.

Досега има настапувано на Балканот и тоа за екипата на Цедевита, па нема сомнеж дека ќе биде добро засилување за Куманово, кој се засили и со Гуити и Робев.