Кунде пред цел свет понижи шпанска новинарка


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Францускиот дефанзивец Џулес Кунде реши да реагира откако шпанските медиуми објавија што тој наводно рекол на Џузепе Меаца кога Ханзи Флик го вовел во игра Роберт Левандовски. Сепак, Кунде одлучи да се огласи и директно да ја повика новинарката која ја објавила веста вчера на социјалните мрежи.

По натпреварот во шпанските медиуми се појави интересна информација кога станува збор за Џулес Кунде. Французинот го гледал мечот од трибините поради повреда и наводно имал коментар кога видел дека Флик го внел во игра Левандовски во 91. минута.

„Не знам зошто игра, не е во состојба да направи било што, не е целосно оздравен“, наводно рекол Кунде како што објави Catalunya Radio што подоцна го пренесе и каталонскиот Sport.

Меѓутоа, се покажа дека тоа не е точна информација бидејќи Кунде јавно се огласи за да го демантира тоа.

„Измислување изјави и раскажување приказни е добро, но тоа не е новинарство. Новинарството исто така не е пренос на лажни информации кои се претставуваат како вистинити. Сега слободно можете да го споделите овој мој твит“, порача Кунде.

Фото: Принтскрин