„Кунг Фу“ Конте, веќе е бесен на управата на Интер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Многу нервози во Интер, денес осамна насловот „Кунг Фу Конте“, Интер на турнејата ќе биде без играчите кои му беа ветени на тренерот.

Од потенцијалните засилувања сеуште нема ништо, навистина доведени беа Барела, како и Лазаро, стигна и Годин, но од најголемите засилувања засега ниту траг.

Интер не сака да плати околу 85 милони за Лукаки, сега се споменува Кавани, но се чини дека и тоа е невозможна мисија. И понатаму преговараат околу Џеко, но не би требало да биде друг напаѓач.

Интер освен Лаутаро нема друг, но тој не е на турнејата, има одмор поради Копа Америка, па ова додатно влијае на воигрување на тимот.

Што уште Конте му замерува на клубот?

Не успеаа во намерата да се ослободат од Икарди, Жоао Марија и Нианголан, што би отворило простор за нови засилувања.

Искрено, Овој Интер, не е доволно добар за некои голми работи, Конте имал други информации кога пред да дојде во клубот.