Куртоа ги нападна УЕФА и ФИФА: Мислите само на пари!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Голманот на белгиската фудбалска репрезентација и Реал Мадрид, Тибо Куртоа остро ги критикуваше Европската куќа на фудбалот (УЕФА) и Светската фудбалска федерација (ФИФА) по крајот на Лигата на нации.

Чуварот на мрежата во изјава за шпанските медиуми воопшто не штедеше зборови за УЕФА и ФИФА, кои според него сакаат само пари и не се грижат за фудбалерите.

„Големиот број на натпревари во сезоната е само поради пари и ТВ-права. Паузата меѓу две сезони е само 15 дена и тоа е премногу малку. Следната година Светското првенство е во ноември и поради тоа ќе мора да играме до јуни. УЕФА е против Суперлигата, а ниту тие не се грижат за фудбалерите, туку мислат да ги наполнат џебовите. Од друга страна, ФИФА планира првенство на секои две години? Кога ќе одмориме ние?“, вели Куртоа.