Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Вечерва на распоред е првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Арсенал и Реал Мадрид кој ќе се игра на Емирејтс.
На прес конференција пред овој натпревар во име на Реал Мадрид говореше голманот на овој клуб Тибо Куртоа, се разбира заедно со тренерот на овој тим Карло Анчелоти.
Белгиецот се враќа на голот на Реал Мадрид откако ги пропушти последните три натпревари, поточно откако се врати од репрезентацијата.
„Не знаев дека таму не изгубиле веќе две години, но мислам дека тоа нема многу да смени. Тоа е како да кажете дека ние освоивме 15 титули во Лигата на шампионите, не менува ништо.
Знаеме дека се силни на својот терен, но и Ливерпул беше силен па победивме со 5:2. Да имавме одиграно овде 20 натпревари и да не сме победиле тоа би била друга работа, но тоа не е случај“, кажа Куртоа.
Фото: Реал Мадрид К.Ф./ФБ