Куртоа ја „пецна“ Барселона: Триумфот во „Ел Класико“ го прославија како титула…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид го совлада Еспањол со 4-0 и ја потврди титулата во Ла Лига, па така тимот на Карло Анчелоти уште еднаш покажа дека беше еден од најдоминантните клубови во Европа и се надева на нов успех во Лигата на шампиони (ЛШ).

„Кралевите“ го загубија дербито од Барселона во „Ел Класико“, а тоа не го заборави голманот Тибо Куртоа, кој реши да ги испровоцира Каталонците по освојувањето на трофејот.

„Се сеќавам дека по победата славеа како да ја освоиле титулата. Мислеа дека сме во криза, но нашата победа кај Севиља беше најважна во завршницата“, кажа Куртоа.

Каталонскиот гигант се наоѓа на третата позиција во Ла Лига со два бода помалку од Севиља, но има одиграно и еден меч помалку.