Куртоа какви се тие бројки? Белгиецот е во најлошата серија во кариерата!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Белгискиот голман Тибо Куртоа не игра како што се очекува од него, откако се пресели во редовите на Реал Мадрид.

Овој 27-годишен чувар на мрежата е член на Реал од 2018 година, а во клубот стигна како најдобар голман од Мундијалот во Русија.

Куртоа никогаш во кариерата немал полоша серија. Во дури 11 меча по ред тој примил гол во Ла Лига, а тоа не му се случило никогаш.

Навивачите не се задоволни со податоците, а бидејќи критиките постојано пристигнуваат на негова адреса, Белгиецот ќе мора наскоро да се разбуди од сон.

Инаку, Белгиецот потпиша шестгодишен договор со „кралевите“, но доколку продолжи вака, тогаш тешко ќе го одработи до крај.