Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Чуварот на мрежата на Реал Мадрид и Белгија, Тибо Куртоа својата деовјка Мишел Герзик ја запозна преку Инстаграм.
Израелската манекенка откри некои детали од нивната врска и начинот на кој Куртоа дошол до нејзиното срце.
„Ја виде мојата фотографија со моето куче и напиша дека сум слатка. Веднаш знаев за кого станува збор и му се заблагодарив, по што почнавме да се допишуваме“, вели Мишел.
Белгиецот почнал да покажува интерес за нејзините омилени работи и други детали.
„Почна да ме прашува за Израел, за војската. Во април имав некоја работа во Мадрид, а таму се видовме и потоа уште еднаш во јули, кога почна нашата романтична врска“, објаснува манекенката.