Куртоа за „Марка“ ја откри иднината на Азар!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иднината на Еден Азар засега останува мистерија, но голманот Тибо Куртоа откри за шпанска „Марка“ дека одличниот Белгиец нема да замине од Реал Мадрид ова лето.

„Марка“ открива дека клубот го ставил на трансфер-маркетот, но неговиот соиграч смета дека Азар ќе остане во екипата и за сезоната 2021/22.

„Јас сум 100 отсто сигурен дека ќе остане, затоа што не сака да си замине. Само медиумите во Мадрид пишуваат дека тој ќе замине, но Азар сака да освојува титули. Во Реал Мадрид секогаш постои критика и притисок, па и Герет Бејл беше критикуван, но ја освои Лигата на шампиони“, вели Куртоа.

Шпанските медиуми шпекулираат дека Белгиецот ќе добие шанса кај тренерот Карло Анчелоти, а ако не се докаже, тогаш ќе биде продаден.