Куртоа застана во одбрана на Анчелоти


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти има договор до крајот на идната сезона, но медиумите пишуваат дека Италијанецот би можел да замине уште летово од клубот.

Реал Мадрид загуби во финалето на шпанскиот Суперкуп, а на добар пат се да испаднат и од шпанскиот Куп, додека во Ла Лига имаат девет бода негатива зад Барселона.

Доколку не освои ниту еден трофеј, Анчелоти ќе треба да си ги спакува куферите и да го напушти тимот, а во негова одбрана застана голманот Тибо Куртоа.

„Сакам да остане Анчелоти. Тој е одличен тренер и има добри односи со фудбалерите. Тоа не е наша одлука, но ние со него се бориме за трофеи и тој е наш менаџер“, кажа Куртоа.

Флорентино Перез сака да го донесе Томас Тухел на местото на Анчелоти, а веќе почнаа шпекулациите дека Германецот почнал да учи шпански јазик.