Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Барселона, Фелипе Кутињо кој зад себе остави не толку добра сезона во каталонскиот клуб истакна дека не знае каде ќе игра следната сезона.
Бразилецот е голема желба на Манчестер Јунајтед и ПСЖ кои го посакуваат во своите редови ова лето и ќе се обидат да ја искористат актуелната ситуација во која Барселона сака да го продаде.
Кутињо во моментов е во родниот Бразил каде се игра Копа Америка и каде со Кариоките е главен фаворит за освојување на турнирот. Од таму тој даде една изјава која ги подгреа шпекулациите за негово заминување од Барселона.
„Не знам дали ќе продолжам во Барселона. Никој не ја знае иднината, а засега јас сум фокусиран на играњето на Копа Америка“ –кратко изјави Кутињо.