Кутињо им стави крај на сите шпекулации: Враќање во Премиер лигата не ми паѓа на памет…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Скапо платениот фудбалер на Барселона, Фелипе Кутињо истакна дека враќањето во Премиер лигата не му е во плановите и дека е фокусиран на обврските во Каталонија. Со тоа ги демантираше шпекулациите за враќањето на Островот, односно во Манчестер Јунајтед.

Бразилецот во јануари 2018. година од Ливерпул пристигна на „Камп Ноу“ во трансфер вреден 160 милиони евра, но не понуди партии на нивото како во Ливерпул, па се шпекулираше за враќање на Островот, односно во Манчестер Јунајтед, пренесуваат англиските медиуми.

„Ова е моја втора сезона во Барселона. Освојував титули и сакам уште да освојувам. Сакав да играм фудбал во Шпанија и да играм за најдобриот клуб. Фокусиран сум на Барселона и враќањето во англискиот фудбал не ми е во план“, истакна Кутињо.

Кутињо инаку, оваа сезона забележа 44 настапи и постигна 10 погодоци.