Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фелипе Кутињо до крајот на сезоната нема да настапува за Барселона затоа што Каталонците не сакаат да платат пет милиони евра.
Кутињо во моментов е повреден и се рехабилитира, но и да не беше повредата, Бразилецот тешко дека ќе излезеше на теренот.
Барселона се соочува со финансиска криза и поради тоа Каталонците бараат начин како да заштедат пари и да избегнат да платат дополнителни бонуси.
Барселона кога го купи Кутињо, се договори со Ливерпул да доплати пет милиони евра, а тоа ќе се случи ако настапи уште на седум натпревари сезонава.