Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо е блиску до враќање во Премиерлигата, а како негова следна дестинација се споменува Арсенал, кој во последно време игра одлично и се вклучи во трката за Лига на шампиони (ЛШ).
Шпанските и англиските медиуми пишуваат дека Барселона сака да се ослободи од големата плата на Кутињо, кој не ги оправда очекувањата на раководството на каталонскиот гигант.
Барселона го купи Кутињо дури 120 милиони евра, но Бразилецот нема да добие минутажа кај новиот тренер Чави Ернандез и поради тоа ќе мора среќата да си ја бара на друго место.
Арсенал, наводно, сакал да го ангажира на позајмица со можност за откуп на крајот на сезоната, а Бразилецот нема да има проблем повторно да се врати во англискиот шампионат.