Кутињо станува најскапото засилување во историјата на Баерн


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Откога дојде од Барселона во Баерн на едно годишна позајмица, Кутињо повторно почна да игра како што играше некогаш во Ливерпул.

Сето тоа ја „натера“ управата на Баерн да размислат за неговата откупна клаузула од Барса каде Бразилецот не ни започна да игра.

Германските медиуми ја пренесуваат информацијата дека одлуката е донесена и дека управата на Баерн одлучила да го откупат Бразилецот за 120 милиони евра.

Доколку ова се воспостави како точно, овој фудбалер ќе стане најскапиот фудбалер во историјата на Баерн, но какви натпревари пружи во меѓувреме тоа нема да биде ниту малку чудно доколку се случи.

„Кога ја поседува топката тој изгледа како да танцува со неа. Во секој момент знае што сака да направи и каде да ја испрати топката. Феноменален е.“, изјави Нико Ковач за Кутињо.