Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Македонската ракометна репрезентација го завршува последниот натпревар од првата фаза на Светското првенство, со цел да ја заврши оваа фаза со победа против Гвинеја, што ќе значи пласман во наредниот круг на турнирот.
Капитенот Филип Кузмановски изрази задоволство од освоениот бод на почетокот на првенството и нагласи дека тимот ќе пристапи на натпреварот со Гвинеја со целосна посветеност и фокус.
„Нè очекува последниот натпревар во групата. Првенството го отворивме со квалитетни противници и дадовме максимум во тие дуели, а сме задоволни што извлековме бод против Унгарија. Сега ни следува натпреварот со Гвинеја, која не треба да се потценува; потребен е сериозен пристап за да се обезбеди пласман во втората фаза. Иако европскиот ракомет е различен од африканските селекции, не смееме да ги потцениме, бидејќи и тие обезбедиле пласман на Мундијалот. Некои ракометари на Гвинеја играат во француското првенство и ни претставуваат предизвик, но верувам дека сите на првенството ќе го дадат максимумот за својата држава“, истакна капитенот.