Кузмановски: Игравме со душа и срце за Македонија


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонија одигра реми против Португалија (29-29), а капитенот Филип Кузмановски ги сподели импресиите од мечот од второто коло на Европското првенство (ЕП) во ракомет.

Кузмановски кажа дека го оставиле срцето на терен за Македонија.

„Горд сум на момците кои се бореа за Македонија. Покажавме срце, игравме со душа за Македонија, одиме понатаму да играме со Романија. Ако го повториме овој меч, мислам дека ќе се радуваме на победа, но мислам дека мора да влеземе со ладни глави. Тешко е да се калкулира во моментов, но наше е да се подготвиме и да одиграме 60 минути машки и се надеваме на победа“, кажа Кузмановски.