Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски денеска му се приклучи на германскиот бундеслигаш Вецлар.
Кузмановски ги помина медицинските прегледи, по што потпиша договор со германскиот тим и кажа дека е среќен поради новиот предизвик.
„Бев воодушевен поради интересот од Вецлар. Пред нас е тешка задача и ќе направам сè за да му помогнам на клубот да победува“, кажа Кузмановски.
Задоволство за трансферот покажа и тренерот Хрвоје Хорват, кој кажа дека му е мило што Кузмановски се приклучил на екипата.