Кузмановски пред ЕП 2024: Ќе се бориме храбро, ние сме Македонци!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација ќе настапи на Европското првенство (ЕП) во Германија, кое е закажано од 10 до 28 јануари 2024 година.

Македонија се наоѓа во групата А заедно со Германија, Франција и Швајцарија, а Филип Кузмановски пред настапот зборуваше за „Балкан Хендбол“ и ги сподели своите очекувања.

„Ние се бориме за Македонија, за нашите навивачи и чест и задоволство е да играш за репрезентацијата. Ќе отвориме против Франција, која е фаворит, но ние имаме македонски менталитет и ќе се бориме до последна минута. Се подготвуваме, ги анализираме, ќе се бориме како Македонци, па ќе видиме што ќе се случи“, кажа Кузмановски.