Кварацхелија: Мој омилен тим во детството беше Реал Мадрид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалер на Наполи, Квича Кварацхелија кој му помогна на калчолигашот минатата сезона да ја освои титулата во Серија А, во разговор со медиумите открива детали од детството.

Кварацхелија неодамна беше на листата со желби на Реал Мадрид, а талентираниот играч призна дека во детството навивал за шпанскиот гигант.

„Реал Мадрид ми беше омилен тим во детството. Сега сум 100 отсто фокусиран на Наполи. Ќе дадам сè од себе да му помогнам на клубот. Не ни размислувам за мојата иднина. Сè што мислам е за Наполи“, вели Кварацхелија.