Квитова ја прекина кариерата поради бременост


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешната шампионка на Вимблдон, Петра Квитова објави дека ќе го пропушти Австралијан опен затоа што е бремена и го чека првото дете со нејзиниот сопруг Јиржи Ванек.

Квитова немаше настап ниту на други турнири како подготовка за првиот гренслем-турнир во сезоната, но нејзиното име се најде на списокот со учесници во Мелбурн. Сепак, таа реши да се повлече од натпреварувањето кое почнува за две недели.

„На првиот ден од 2024 година сакам да споделам возбудлива вест со вас дека го чекаме првото дете во нашето семејство, кое треба да пристигне во лето“, објави Квитова.

Квитова веќе имаше една подолга пауза на крајот на 2016 година, кога беше нападната со нож при грабеж во нејзиниот дом.