La Decima и во Барселона – Надал во два сета го реши Тим во финалето


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рафаел Надал во финалето на АТП турнирот во Барселона го победи Доминик Тим со 2:0 во сетови.

Шпанецот со еден брејк го доби првиот сет. Брејкот го направи во десетиот гем кој значеше и добивање на првиот сет, 4:6.

Надал многу лесно го доби вториот сет. Направи два брејка во четвртиот и шестиот гем. На свој сервис Надал не дозволи австриецот да стигне до брејк-топка, па на крајот кралот на земјата ја прослави десетата титула во Барселона, 1:6.

После освојувањето на десетата титула во Монте Карло, Надал ја освои и десетата во Барселона.