Ла Лига го тужи ПСЖ поради Мбапе!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанската Ла Лига објави соопштение во кое порача дека ќе го пријави ПСЖ во УЕФА поради кршење на финансискиот фер-плеј при потпишување на нов договор со Килијан Мбапе.

Првиот човек на шпанската лига, Хавиер Тебас кажа дека чекал одлуката за Мбапе да стане официјална, па сега ќе ја продолжи битката на суд.

Аргумент на Шпанците е тоа што ПСЖ минатата година имал загуба од 300 милиони евра, а според некои шпекулации само бонусот за потпис на Мбапе ќе му донесе стотина милиони евра.

Тебас кажа дека ова е „навреда на фудбалот“, како и дека газдата на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи е „опасен човек и полош од Суперлигата“.