Ла Лига не му прости на Белингам (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Страстите по мечот меѓу Валенсија и Реал Мадрид сè уште не се смируваат, а цената веќе ја плати тренерот Хесус Хил Мансано кој беше суспендиран, а идентична судбина доживеа и Џуд Белингам.

Англискиот фудбалер ќе ги пропушти следните два натпревари на „кралевите“ поради црвениот картон кој го доби поради приговор по крајот на мечот на „Месталја“.

Дуелот заврши со скандалозна одлука на Мансано кој прекина акција на „кралевите“ на една секунда пред Белингам да постигне гол.

Белингам ќе мора да плати и парична казна од 700 евра, додека Реал ќе плати 600 евра.