До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Раководството на Барселона донело одлука да ја активира откупната клаузула за англискиот напаѓач Маркус Рашфорд, пренесуваат шпанските медиуми.
Според информациите, договорената сума од 30 милиони евра со Манчестер Јунајтед ќе биде исплатена на три годишни рати од по 10 милиони евра.
Како што објави „Мундо Депортиво“, трансферот е во завршна фаза, но конечната потврда ќе зависи од одобрување во рамки на правилата за финансиски фер-плеј на Ла Лига.
Каталонскиот клуб мора да добие зелено светло од лигата за регистрација на играчот, со оглед на строгите финансиски ограничувања.
















