Ла Лига ѝ постави услов на Барселона за враќање на Меси


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лионел Меси има договор со францускиот гигант ПСЖ до крајот на сезоната, по што среќата ќе си ја бара во друг клуб, а како еден од кандидатите за неговиот потпис се споменува Барселона.

Барселона е заинтересирана за услугите на Меси, но има големи финансиски проблеми кои мора да ги реши во следниот период.

Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас сака да се врати Меси во шпанскиот фудбал, но нема да ги менува правилата поради Аргентинецот.

Поради тоа, Барселона добила одговор дека мора да заработи 100 милиони евра од продажба на фудбалери до 1 јули, ако сака да го врати Меси.

Ансу Фати, Феран Торес и Франк Кеси се дел од фудбалерите кои ќе одат на продажба, но останува да видиме дали ќе им ги донесат потребните пари на Каталонците.