Лацио го победи Наполи, избраниците на Симоне Инзаги поставија клупски рекорд ?


ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition* ↓↓↓


Екипата на Лацио славеше голема победа во дерби средбата со Наполи која заврши во корист за домашниот тим кој победи со 1:0.

Лацио ситгна до победата во финишот од средбата кога во 82. минута Чиро Имобиле ја искористи големата грешка на Оспина и донесе голема победа за домашниот тим.

Инаку ова беше десетта победа во низа за Лацио со што момците на Инзаги се запишаа во клупската историја. Од друга страна пак Наполи останува само со една победа во последните десет средби.

Нашиот Елиф Елмас доби шанса во финишиот, но немаше време да ги покаже своите квалитети.