Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Филип Костиќ во летниот преоден рок можеше да замине во Серија А, односно да ја засили екипата на Лацио, но српскиот фудбалер беше измамен од Ајнтрахт Франкфурт.
Костиќ ги спакува куферите откако се појави вест дека Лацио го чува местото во тимот за него, но неговиот сегашен тим даде голем отпор.
На четири дена пред крајот на преодниот рок Ајнтрахт бараше 10 плус три милиони евра, додека Лацио се согласи да даде само 10 плус два милиони. Проблемот е тоа што понудата стигнала на погрешен мејл, а германскиот клуб намерно им го дал на Римјаните.
Поради тоа Костиќ дознал дека немало никаква официјална понуда од Лацио, а потоа српскиот фудбалер на менаџерот им ја покажал понудата на Италијанците и одбил да игра за германскиот тим.