Лацио се распаѓа, Милинковиќ Савиќ на продажба?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лацио целосно се распадна по продолжението на првенството, иако Јувентус не игра ништо посебно, тие по пандемијата се прошетаа до титулата. Римјаните не се препознатливи иако тие инсистираа да се продолжи првенството.

Математички, не е решено, но тешко е да се верува дека Јувентус иако игра лошо, да изгуби таква предност. Јувентус има предност од осум бодови во однос на Римјаните, тоа се шест кола до крајот, за седум дена Лацио ќе игра во Торино, но, со оглед на распоредот, шансите за чудо се мали.

Лотито е свесен дека се пропушти голема шанса, по нов неуспех разговарал со тимот, нема оправдување за Инзаги и играчите, присутен бил директорот на клубот Игли Таре, како и менаџерот на тимот Анџело Перуци.

Се зборувало за очајна форма, трите порази во низа, доколку се победи на два од овие три натпревари, Лацио би бил во трка, со оглед дека Јуве има освоено бод од последните шест.

Медиумите пишуваат денес дека Лацио решил да ја намали цената за Сергеј, за да можат да го продадат за 70 милиони иако и тој игра лошо како остатокот од тимот, но и дека нема понуди.

Тие чекаат на ПСЖ, Јунајтед се откажа затоа што Погба ќе остане, ќе видиме дали воопшто ќе пристигне некоја понуда во Рим, а „Месаџеро“ тврди дека во овој момент нема шанса некои од италијанските клубови да го купат Милинковиќ затоа што тој е премногу скапо за нив за време на пандемијата.