Лацио се спаси во последна секунда, Јувентус има зошто да жали! ?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Лацио и Јувентус одиграа возбудлив натпревар на „Олимпико“ во дербито на колото во италијанската Серија А, а мечот на крајот заврши со резултат (1:1).

Јувентус подобро го отвори натпреварот и брзо дојде до водство со голот на Кристијано Роналдо. „Старата дама“ потоа го контролираше мечот и можеше да ја зголеми предноста, но Роналдо ја погоди стативата.

Лацио во вториот дел се обидуваше со сите сили да дојде до израмнување, но не успеваше да го совлада Шчешни.

Кога се чинеше дека Јувентус ќе ги однесе трите бода во Торино, повторно неверојатниот Каиседо во последната секунда од мечот донесе израмнување.