Лаги и видео снимка: Бензема мора да оди на Суд поради случај кој му ја „здрма“ кариерата!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема ќе мора да оди пред Суд и да одговара за учеството во случајот на уцена на Матју Валбуена во 2015 година, кога тој бил посредник меѓу криминалците и фудбалерот.

Случајот предизвика голема бура во француската јавност, а поради него Бензема на крајот беше исфрлен од репрезентацијата и од тогаш никогаш повеќе не заигра за националниот тим.

Полицијата тогаш се сомневаше дека Бензема бил директен посредник во комуникацијата на двете страни, а Судот денеска ја извести јавноста дека на Французинот ќе му се суди за вмешаност во случајот.

„Одлуката да му се суди е апсурдна и некоректна. Бензема не направи ништо лошо, ниту пак направи некакво кривично дело“, порача неговиот адвокат.