Лајовиќ го смени пешкирот со Надал, па му порача: Се надевам дека си негативен на ковид-19!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тенисер Душан Лајовиќ беше елиминиран во петокот во осмифиналето на Мастерсот во Рим, откако беше поразен од шпанскиот тенисер Рафаел Надал со 1-6 и 1-6.

Во тек на мечот се случи една интересна сцена, во која Душан заборави дека треба да си го земе својот пешкир, па случајно го зема тој на Надал и се избриша со него.

Кога се сети дека го направи тоа, Србинот мораше да оди зад аут-линијата и да си го земе својот, а притоа му порача на Шпанецот: Се надевам дека не си позитивен на ковид-19!

„Не, не сум“, се насмеа Надал додека се подготвуваше за продолжение на дуелот.