Лајпциг му ја расипа работата на Мурињо и го ангажираше напаѓачот кој го посакуваше Португалецот

Ред Бул Лајпциг во текот на денешниот ден го потврди ангажманот на Александер Сорлот од Кристал Палас.

24 годишниот норвешки фудбалер се пресели во Кристал Палас во 2018 година и имаше 20 настапи за клубот, меѓутоа не се снајде најдобро па беше пратен на заем во Гент и Трабзонспор.

Токму во турскиот тим покажа дека знае да биде одличен напаѓач, па со настапите во Трабзон го привлече вниманието на големите европски екипи меѓу кои и на Тотенхем.

Сепак, Лајпциг реагираше побрзо и го донесе Сорлот како замена за Патрик Шик кој минатата сезона играше како позајмен фудбалер во германскиот тим.