Лајпциг потврди: Гвардиол се сели во Англија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот дефанзивец Јошко Гвардиол го напушта Лајпциг и се сели во Премиерлигата, односно во редовите на актуелниот шампион Манчестер сити.

„Граѓаните“ за неговиот трансфер ќе платат 100 милиони евра плус бонуси, а за тоа пристигна потврда и од спортскиот директор на Лајпциг.

„Желбата на Јошко е да се приклучи на Манчестер сити. И вистина е дека водиме преговори. Станува збор за понуда од 100 милиони евра плус бонуси. Наскоро Гвардиол се сели кај Пеп Гвардиола“, кажа директорот.

Гвардиол за Лајпциг досега одигра 88 меча и притоа постигна пет гола.