Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Некогашниот германски репрезентативец и легендарен фудбалер на Баерн Минхен, Филип Лам ја откри во разговор за странски медиуми причината поради која своевремено ја одбил Барселона.
Лам моментално има години, а професионалната кариера ја заврши по сезоната 2016/2017. Со оглед на тоа дека своевремено беше еден од најдобрите десни бекови и играч за врска на светот, тој беше голема желба на бројните екипи.
Не е тајна дека своевремено го посакуваше и Барселона, а Лам денес неколку години подоцна, откри зошто не се одлучил за преселба на „Камп Ноу“.
„Барселона, која во тоа време беше заштитен знак на европскиот фудбал, сакаше да дојдам во Шпанија. Понудата беше активна. Дури и мои блиски пријатели кои знаеја за понудата, ме поддржуваа и велеа кога потпишуваш.
Но, постоеше проблем, беше во мене. Се восхитував на Барселона и играчите, но не се гледав таму. Тогаш играв за Баерн кој еработеше на највисоко ниво. Знаев дека сме подготвени за големи работи. И, потоа помислив колку би бил среќен со со Баерн би ја освоил Лигата на шампионите. Ја одбив Барселона“, истакна Лам.
Германецот до крајот на кариерата така, остана во Баерн од кадешто и се пензионираше официјално.