Лампард би можел да се врати во Лондон?


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Челси во моментов е во потрага по нов тренер, откако го отпушти Грем Потер, а главен фаворит за позицијата е Јулијан Нагелсман.

Сопственикот на Челси, Тод Боели во моментов размислува и за алтернативни решенија, а едно од нив е Франк Лампард кој би можел да го води неговиот поранешен клуб до крајот на сезоната.

Лампард беше тренер на Челси од јуни 2019 до јануари 2021 година, но поради лоши резултати доби отказ.

Англиските медиуми пишуваат дека Лампард би можел да ја тренира екипата до крајот на сезоната, по што на кормилото ќе седне Нагелсман.