Лампард директно обвини двајца фудбалери за ремито против ВБА


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Челси, Франк Лампард не може да биде задоволен по ремито против ВБА во третото коло од англиската Премиерлига.

Челси на полувреме имаше негатива од 0-3, но некако успеа во вториот дел да стигне до израмнување и бод.

Дефанзивците на Челси повторно беа очајни и покажаа дека Кепа Аризабалага не бил најголемиот проблем, а за тоа зборуваше и Лампард.

Лампард директно ги обвини Маркос Алонсо и Тијаго Силва за нивните грешки, кои ги казни Калум Робинсон.

„Ова се два загубени бодови. Имам почит кон ВБА, но мора да разбереме дека ни требаат победи во вакви натпревари. Грешките беа очигледни. Првата на Алонсо, по што и Силва згреши, па ни беше тешко да се вратиме во мечот“, кажа Лампард.