Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Англискиот тренер Френк Лампард доби отказ од Челси пред неколку месеци, а на негово место пристигна германскиот стратег Томас Тухел на кој одлично му оди во Лондон.
Тухел ги врати „сините“ во борбата за топ-4 позициите во Премиерлигата, а се бори и за завршницата од Лигата на шампиони, додека Лампард засега е без работа, иако добил многу понуди.
„Во последниот период одбив повеќе понуди. Навистина понудите беа добри, но не беа вистинските за мене“, изјави Лампард.
Лампард не сакаше да ги откри имињата на тимовите, а медиумите шпекулираа дека клубови кои сакале да го ангажираат биле Кристал Палас, Селтик и англиската репрезентација до 21 година.