Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челси ја продолжи очајната форма во Премиерлигата, откако вчера загуби со 1-3 од Манчестер сити во 17. коло од шампионатот, па сега Франк Лампард е под голем притисок.
Лампард откако седна на кормилото на Челси има просек од 1,67 бодови по меч и тоа го прави најлош тренер во ерата на Роман Абрамович, кој го презема клубот во 2003 година.
Англичанецот е 12. тренер во ерата на Абрамович, а во 55 меча со Челси запиша 27 победи, 11 ремија и дури 17 порази. Тој во последните шест меча запиша само една победа.
Според бодовниот учинок пред Лампард се сите други менаџери кој ги донел Абрамович: Аврам Грант (2,31), Жозе Мурињо (2,19), Антонио Конте (2,07), Рафаел Бенитез (1,96)…На претпоследното место е Андре Виљаш Боаш (1,70).