Лампард ги почестил фудбалерите со 209 пива, 75 јегери, 65 вотки и една диетална Кока Кола (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Дерби каунти пред две ноќи остварија важна победа во плејофот за пласман во Премиерлигата во гости против Лидс јунајтед, а триумфот знаеја како да го прослават.

Френк Лампард и неговите фудбалери се на чекор до пласман во Премиерлигата, а тоа би им овозможило заработка од најмалку 100 милиони фунти, па не е ниту чудно тоа што го славеа долго време нивниот триумф.

Во еден паб се славеше победата, а еден од келнерите објави фотографија од сметката на социјалните, па сите можеа  да забележат дека легендата на Челси морала да плати 2.800 фунти.

Фудбалерите на Дерби испија 209 пива, 75 јегери, 65 вотки, а интересно е тоа што некој нарачал една диетална Кока Кола.

Мечот за пласман во Премиерлигата ги очекува на 27 мај на „Вембли“ и тоа против Астон Вила.