Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Френк Лампард ги загрижи навивачите на Челси на прес-конференцијата пред осминафиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Баерн.
Челси вечерва ќе биде домаќин на Баерн на „Стенфорд Бриџ“ и нема да игра со најсилниот состав со оглед на неиграњето на евентуално клучен играч.
Лампард изјави дека натпреварот сигурно ќе го пропушти играчот од средниот ред, Н’Голо Канте и крилниот фудбалер, Кристан Пулишиќ. И двајцата имаат проблеми со адукторот.
Дури и Калум Хадсон-Одои, кој се поврзуваше со преселба во Алианц Арената кој е близу да се врати на теренот, но сè уште не е доволно подготвен, нема да игра вечерва.
„Пулишиќ не игра, Хадсон-Одои не игра, Канте не игра“, рече Лампард, кој додаде дека Педро и Робен-Лофтурс Чек ќе бидат во составот за средбата.