Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Челси, Франк Лампард застана во одбрана на својот фудбалер Антонио Рудигер и кажа дека неговата реакција во мечот против Тотенхем, по која Хеунг-Мин Сон доби црвен картон, била инстинктивна и дека тоа не било глума.
Лампард беше јасен во својата изјава и застана во одбрана на неговиот фудбалер.
„Не беше брутално, но беше инстинктивно и тоа се казнува со црвен картон во модерниот фудбал“, порача Лампард.
Освен тоа, мечот во 18. коло во Премиерлигата го одбележа и со нови расистички навреди, кои од страна на фановите биле испратени кон Рудигер.
„Ќе разговарам со него кога ќе видам што точно се случи. Јас го поддржувам, како и останатите фудбалери кои ќе се најдат во слична ситуација“, вели тренерот на „сините“.