Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сопственикот на Челси, Роман Абрамович сфати дека мора да го засилува англискиот гигант ако сака да го врати на врвот на европскиот фудбал, а лондонската екипа ја очекуваат големи промени на лето, откако тренерот Франк Лампард доби дозвола да изгради екипа по негова желба.
Челси не беше добар ниту пред дуелот против Баерн Минхен, но тој пораз од 0-3 ги налути навивачите, па поради тоа газдата немаше избор освен да вети дека работите во Лондон ќе се променат.
Лампард ќе продава осум фудбалери, а ќе почне со чистка од голманската позиција. Тој не му верува на Кепа, по што ќе ги продаде Алонсо и Емерсон, а клубот ќе го напуштат и Зума, Вилијан, Педро и Жиру.
Покрај тоа, има шанси да заминат и Жоржињо и Баркли, но засега не е познато дали сигурно ќе го напуштат клубот.
Веднаш потоа Челси ќе почне со трансфери, а Лампард планира да ги ангажира Чилвел од Лестер, Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд и Јан Облак од Атлетико Мадрид, а на тие трансфери планира да потроши 300 милиони евра.