Лампард: Ќе освоев пет-шест трофеи со Челси ако не се менуваа често тренерите


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Челси му даде отказ на Грем Потер, по што како привремено решение го пронајде Франк Лампард, кој нема добри резултати по враќањето во Лондон.

Премиерлигашот идната сезона нема да игра во европските купови, а до крајот на сезоната го чека пеколен распоред и Лампард ќе има задача да ги поправи резултатите за да не падне екипата во опасната зона.

„Дали Челси треба да најде вистински тренер? Дефинитивно. Сега сме во фаза кога знаеме дека нема да влеземе во Европа. Бев дел од Челси и редовно се менуваа тренерите. Освоив само три титули, но требаше да имам пет-шест титули. Можеби ќе освоевме повеќе трофеи ако останевме со еден тренер. Чувствувам дека требаше тоа да го направиме“, кажа Лампард.