Лампард одговори на прашањето за тоа кој е подобар – Роналдо или Меси!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на Челси, Френк Лампард во текот на својата кариера како фудбалер се соочи со многу ѕвезди, па конечно одговори на вечното прашање за тоа кој е подобар – Кристијано Роналдо или Лионел Меси.

Лампард одговори на многу прашања, а притоа избра и тим од најдобрите седум фудбалери во историјата.

„Мануел Ноер, Рио Фердинанд, Стивен Џерард, Зинедин Зидан, Роналдињо, Лионел Меси и Кристијано Роналдо“, одговори Лампард.

Англичанецот потоа доби и прашање за тоа кој е подобар – Роналдо или Меси.

„Ох, ова е тешко прашање. Ајде ќе кажам Меси затоа што тој е чист талент, но се воодушевувам и на она што Роналдо го постигна, навистина е чудесен“, кажа Лампард.