Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Франк Лампард се врати на кормилото на Челси, каде што треба да остане до крајот на сезоната, а веќе отпиша четири фудбалери кои беа во првиот состав на претходниот тренер Грем Потер.
Лампард во следниот период не сака да смета на четири фудбалери чија вредност изнесува 200 милиони евра, а прв на списокот е Марк Кукуреља кој не ги оправда очекувањата.
Новиот тренер на „сините“ планирал да го отпише и Калиду Кулибали, но исто така не сака да смета ниту на Жоао Феликс и Кепа Аризабалага во следниот период.
Иако во изминатиот период Кепа бранеше во одлична форма, а Феликс е еден од најдобрите фудбалери на Челси на теренот, сепак останува да видиме Лампард како ќе настапи против Вулверхемптон.