Лампард: Правилата мора да се почитуваат, јас не сум диктатор!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред десетина дена во јавноста се појави листата со казни за фудбалерите на Челси, која пред почетокот на сезоната ја направи тренерот Франк Лампард.

Лампард сака сите фудбалери да ја почитуваат дисциплината во клубот, а тој кој ќе ги прекрши правилата, ќе добие казна. На социјалните мреж се појави фотографија, која откри какви казни ги очекуваат фудбалерите.

Откако во јавност се појави информацијата дека Лампард жестоко ги казнува своите фудбалери за секој пропуст, тој реши да се огласи и објасни која е неговата цел.

„Фудбалерите се дел од процесот во клубот. Не дојдов тука да бидам диктатор. Тука сме за клубот да го направиме подобар, а дисциплината мора да постои. Разбирам дека звучи грубо, но правилата мора да се почитуваат. Никој не смее да доцни на тренинг и така е во секој клуб“, порача Лампард.