Лампард: Проблемите на Челси не може да се решат за еден ден


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Челси вчера загуби од Вулверхемптон, а „сините“ повторно беа очајни на теренот без разлика на враќањето на тренерот Франк Лампард.

Лампард по натпреварот кажа дека нема како да се решат проблемите на Челси за само еден ден и најави подобра битка против Реал Мадрид во Лигата на шампиони (ЛШ).

„Кој е загрижен, нека не доаѓа на стадионот. Фудбалерите не треба да бидат загрижени. Во среда ќе играме поинаков натпревар. не е лесно да се води Челси. Знам дека не сме на позицијата на која треба да бидеме, но има причина за тоа. Не очекував да се решат проблемите во еден ден. Треба да бидеме агресивни, брзи и решителни во дуелите. Тука сум да помогнам, а не да претерувам со критиките“, кажа Лампард.