Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Френк Лампард имаше „шаренолика“ тренерска кариера досега, а сега е на прагот на нов ангажман и тоа во англиската Премиер лига.
На сите кои следат фудбал им е познато каков играч беше Френк Лампард во своето време. Најмногу е познат по деновите поминати во Челси каде што е една од најголемите легенди на клубот на сите времиња.
Во редовите на лондонските Сини пристигна во 2001 година и на Стамфорд Бриџ мина цели 13 години. После тоа играше за Манчестер Сити и Њујорк Сити, а во играчка пензија замина во 2016 година.
По кратка пауза за време на која полагаше за тренерски лиценци, одлучи да се занимава со тренерската професија и летото 2018 година го презеде Дерби Каунти.
Во својата дебитантска сезона на позицијата тренер успеа да се пласира во плеј-офот на Чемпионшип, но на крајот не избори промоција во Премиер лигата.
Неговата добра работа во Дерби Каунти не остана незабележана и му донесе голем напредок во кариерата, односно место шеф на стручниот штаб во Челси.
Совсем добро започна и во тренерскиот ангажман на Стамфорд Бриџ и во својата прва сезона избори пласман кој води во Лигата на шампионите.
Во тој момент тоа беше голем успех за Челси бидејќи беа под забрана за доведување играчи, и штотуку замина главната ѕвезда на клубот – Еден Азар.
Почетокот на втората сезона беше доста полош и кусо време по него доби отказ во својот омилен клуб.
Оттогаш сè тргна надолу за Англичанецот и имал лоши периоди како тренер на Евертон и уште еднаш како привремен тренер на Челси.
Минатата сезона се „врати во живот“ кога ја презеде клупата на Ковентри Сити со кои стигна до плеј-офот на Чемпионшипот, но на крајот повторно не успеа да избори промоција во елитниот ранг на англискиот фудбал.
Во новата сезона исто така добро започна со Ковентри Сити и во првите четири кола неговиот тим не беше поразен. Имаат две победи и две нерешени.
Англиските медиуми сега тврдат дека е пред нов ангажман и тоа во Премиер лигата. Се зборува за Вест Хем, клубот во кој “Супер Френки” ја започна играчката кариера.