Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Челси загуби од Брајтон со 1-2 во Премиерлигата, а привремениот тренер Франк Лампард вели дека ова бил најлошиот настап на неговата екипа откако е на клупата.
Поранешниот англиски шампион загуби трипати за девет дена, но пристапот на фудбалерите кон натпреварите е голем проблем и тоа го посочи Лампард.
„Ова беше големо разочарување. Подобриот тим победи и можеле да слави поубедливо. Потфрливме во секој сегмент од играта. Во вторник имаме нов натпревар и не може да си дозволиме да бидеме очајни. Мора да одиграме подобро“, кажа Лампард.
Челси во вторник ќе игра против Реал Мадрид и ќе брка негатива од два гола (0-2) од првиот натпревар.